Фудбалерите на Њукасл вчера на домашен терен во рамките од второто коло во Лигата на Шампионите го совладаа големиот фаворит ПСЖ со убедливи 4:1.
Менаџерот на англичаните, Еди Хау, не крие дека е презадоволен од прикажаното. Неговиот тим сега е лидер на табелата пред Французите, Милан и Борусија Дортмунд.
„Неверојатна ноќ за нас, среќен сум за клубот и поддржувачите. Создадовме многу шанси во првото полувреме со агресивниот пресинг. Презадоволен сум од играчите. Тоа беше навистина добра ноќ“ – рече Хау.

