Дисциплинската комисија на ФФМ го казни Башкими со настап на два натпревари како домаќин на стадион кој е одалеченост од најмалку 100 километри од Куманово и плус парична казна од 2.500 евра.
Причина за казната е влегувањето на навивачите на Башкими на теренот и нападот врз гостинските фудбалери на Саса на меч од Втората лига.
Башкими за наредниот меч в недела против Кожув ќе мора да пријави друг стадион.

