Македонската фудбалска репрезентација денеска на пладне го имаше првиот собир пред октомврискиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2024. Селекторот Благоја Милевски денеска ги пречека повиканите фудбалери за дуелите со Украина на 14 октомври во Прага, и за пријателскиот меч со Ерменија на 17 октомври во Струмица.
Меѓу првите во Скопје пристигна капитенот Енис Барди и пред новинарите ги искажа своите очекувања од престојните дуели.
„Одиме во Прага за да и покажеме на Украина дека оние лоши половина час во Скопје, не се показател на формата, напротив, ние ќе покажеме дека тие први еден час од тој меч беа вистинското лице на Македонија. Одиме да ја пренесеме атмосферата од мечевите против Италија односно Малта, и да покажеме дека овие квалификации не само што не се завршени за нас, напротив, имаме уште многу што да кажеме“ – изјави Енис Барди.
Нашата репрезентација денеска во 16 часот ќе го има и првиот тренинг.

