Како што пренесува Кориере дело Спорт, во договорот на Руди Гарсија има клаузула со која Наполи ќе биде во поволна ситуација при евентуална превремена разделба.
Во случај на отказ до 30. јули, Руди Гарсија ќе добие компензација од околу 3 милиони евра а „наполитанците“ нема да треба да ги исплатат последните две сезони од договорот.
Тренерската смена може да се случи многу брзо доколку Антонио Конте ги прифати условите кои му ги нуди првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

