Македонската фудбалска репрезентација откако ќе го одигра натпреварот со Украина во Прага се враќа во Скопје, а веќе во вторник ќе го одигра пријателскиот натпревар со Ерменија. Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на влезниците за овој натпревар.
Од ФФМ информираат дека започна продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Ерменија на стадионот „Благој Истатов” во Струмица. Цената на влезница за натпреварот на 17. октомври изнесува 200 денари.
Продажбата на билети за контролниот меч се одвива преку продажната мрежа на MKTickets и билетарата во спортската сала во Струмица.

