Селекторот на нашите фудбалери, Благоја Милевски, по поразот од Украина, вели дека не е задоволен само од резултатот.
„Честитки за двете репрезентации за покажаното. Мислам дека сите уживаа во фудбалот кој го гледаа. Украина и Македонија покажаа добра игра. Честитки за Украина за победата но, горд сум на моите момци. Успеавме да се наметнеме, за жал не успеавме да дојдеме до гол и кога нема да ги искористиш шансите, поразот е неминовен“ – изјави Милевски.
Македонија до крајот на квалификациите ја очекува гостување кај Италија и домашен меч со Англија.

