Уругвај го победи Бразил со 2-0 на домашен терен во натпревар од 4. коло од јужноамериканските квалификации за СП 2026. Дарвин Нуњес (42’) и Улисес де ла Круз (77’) им донесоа голема победа на Уругвајците, која стави крај на рекордната серија на Бразил од 37 меча без пораз во светските квалификации. Тимот имаше 28 победи и 9 нерешени пред да загуби синоќа во Монтевидео од Уругвај, за кого тоа беше прва победа над Кариоките од 2001 година.
Неколку секунди пред полувремето, ѕвездата на бразилската репрезентација Нејмар, се пожали на повреда во коленото и со видливи болки беше изнесен од теренот на носилка.
Аргентина ја забележа четвртата последователна победа квалификациите, откако на гости во Перу, „гаучосите“ славеа со 2:0. Двата гола за победа на селекцијата на Лионел Скалони ги постигна Лионел Меси. Тој го отвори резултатот во 32. минута, а на крајот од првото полувреме постигна гол и за 2:0. Во 57. минута Меси повторно казни една грешка во одбраната на домаќините, но по интервенцијата на ВАР голот беше поништен поради офсајд.

