Алжирскиот репрезентативец Јусеф Атал, фудбалер на екипата на Ница, заработи суспензија откако објави видео на социјалните мрежи со антисемитска содржина.
По разгорувањето на конфликтот меѓу Израел и Палестина, Атал објавил видео од кое претседателот на Француската фудбалска федерација се огради бидејќи е протолкувано како повик за насилство врз Евреите.
Ница се огласи и реши да го суспендира Алжирецот, иако тој ја призна грешката и брзо го отстранил видеото од својот профил на социјалните мрежи.
27-годишниот Јуцеф Атал игра во Ница од 2018 година со 115 натпревари за клубот.

