Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е обвинет како дел од истрагата за сомнителни исплати на судии, објави шпанскиот суд.
Самиот клуб и двајца од претходните претседатели – Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, заедно со поранешниот претседател на Судиската комисија во Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреира, и неговиот син веќе се обвинети.
Останува да се сочекаат деталите од обвинението за Лапорта и казната со која се соочува.

