Поранешниот руски репрезентативец, Максим Деменко, вели дека Алексеј Миранчук треба да си замине од италијанскиот фудбалски состав Аталанта бидејќи не ја добива посакуваната минутажа.
„Дали Миранчук треба да ја напушти Аталанта? Да, мора. Алексеј треба да најде тим каде што ќе му веруваат“ – вели Деменко.
Миранчук се пресели во италијанската Аталанта во летото во 2020 година и одигра вкупно 59 натпревари со девет голови и седум асистенции.

