Манчестер Јунајтед размислува да испрати понуда до Интер за дефанзивецот Федерико Димарко уште оваа зима, пренесува Calciomercato.
Според изворот, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, сака да ја засили одбраната на тимот пред се поради отуството на Лук Шо и Тајрел Маласија кои се надвор од терените поради долготрајни повреди.
За 25-годишниот Италијанец наводно е заинтересиран и ПСЖ. Интер размислува да му понуди на Димарко нов долгорочен договор со кој ќе ја удвои платата, но конкуренцијата исто така има подготвено одлични понуди за него. Ако во канцеларијата на Интер стигне понуда од околу 50 милиони евра, Интер нема да му прави проблем да си замине.

