Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јакимовски: Одигравме одлично, ќе се подготвиме добро и за елитната фаза
    Фудбал

    Јакимовски: Одигравме одлично, ќе се подготвиме добро и за елитната фаза

    sasoBy saso19/10/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра одличен квалификациски турнир во Полска и го освои второто место успевајќи да се пласира во елитната рунда квалификации за пласман на ЕП во конкуренција на големите фаворити Германија и домаќинот, Полска.

    Селекторот Тони Јакимовски по остварениот успех, вели дека ова беше едно силно натпреварување со моќни селекции.

    „Честитки до моите фудбалери кои одиграа одличен турнир во Полска. Не беше воопшто лесно да се игра против силните и моќни репрезентации на Германија и Полска. Потајно се надевавме дека можеме да оствариме успех и покрај тешката група во која се наоѓавме. Во првото коло од квалификацискиот турнир, одигравме фантастичен меч против домаќинот, селекцијата на Полска, во кој успеавме да забележиме сосема заслужена победа. Имаме доволно време да се подготвиме за елитната фаза квалификации кои се во март. Ќе одработиме подготовки, не очекуваат и неколку пријателски средби во кои ќе ја темпираме формата за предизвикот што не очекува во следната фаза од квалификациите“, вели Јакимовски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.