Легендата на Манчестер јунајтед и англиската фудбалска репрезентација Сер Боби Чарлтон почина утринава на 86-годишна возраст, објави неговото семејство.
Чарлтон важеше за еден од најдобрите, ако не и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Тој изминатите години се бореше со деменција.
Во својата кариера за „црвените ѓаволи“ настапи на 758 натпревари во вкупно 17 сезони и постигна 249 голови. Со Јунајтед освои три титули шампион на Англија, еден ФА Куп и еден трофеј во Купот на шампионите во 1968 година.
Со англиската репрезентација го освои Светското првенство на домашно тло во 1966 година, а на 106 настапи запиша 49 голови.

