Синоќа Тотенхем самоуверено го победи Фулам (2:0) на домашен терен во 9. коло од англискиот шампионат. Така, лондонскиот тим предводен од Ангелос Постекоглу по девет одиграни натпревари дојде до 23 поени.
Ова е најдобриот почеток на Тотенхем во една сезона од 1960 година, кога тимот победи на девет од првите девет натпревари во Премиер лигата и подоцна го освои трофејот.
Во моментов, Тотенхем се единствени лидери на табелата во англискиот шампионат, со два бода повеќе од Манчестер Сити и Арсенал.
Да потсетиме дека австралискиот стручњак Ангелос Постекоглу го презеде Тотенхем минатото лето. Претходно, Постекоглу работеше со австралиската репрезентација, како и со клубови како Бризбејн Роар, Мелбурн Виктори, Јокохама Ф. Маринос и Селтик.

