Коди Гакпо се врати во комплетен тренинг процес и е биде на располагање и за вечерашниот дуел на Ливерпул против Тулуз во Лигата на Европа. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп на пресот пред мечот потврди дека Гакпо е добро и тренира цела недела со тимот.
На листата на недостапни кај Ливерпул се уште остануваат Тиаго Алкантара и Стефан Бајчетиќ, како и тазе повредениот Робертсон, кому му беше направена операција на рамото.
„Робо беше опериран и се помина во најдобар ред. Се помина како што треба, а рехабилитацијата започна уште од денеска. Навистина не знаеме колку време ќе потрае додека се врати на терените, но засега е добро“ вели Клоп.

