Роберт Левандовски е во трка со времето доколку сака да биде подготвен за најголемиот натпревар сезонава против Реал Мадрид во познатото „Ел Класико“.
Полската напаѓачка ѕвезда е надвор од теренот по истегнувањето на скочниот зглоб од почетокот на октомври и затоа е неизвесно дали Барселона ќе може да смета утре на него за големиот дуел со лутиот ривал. Според информациите на медиуми блиски до Каталонците, Левандовски денеска треба да ги мине последните тестови пред да добие можност утре да се појави на теренот.
Шпански „АС“ пишува дека рехабилитацијата на Роберт Левандовски оди добро. Тој денеска ќе го направи последниот тест за да дознае колку ќе биде подготвен да одигра од утрешниот дуел.

