Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја објави групата на фудбалери на кои ќе смена на денешното „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Во неа се најдоа опоравените Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде, но се очекува сите тројца да го започнат натпреварот од клупата за резерви.
Надвор од списокот останаа Педри, Френки де Јонг и Серхи Роберто, иако и првите двајца вчера продолжија со целосни тренинзи.
Ова го принуди тренерот Чави во групата покрај импресивните млади ѕвезди Ламин Јамал и Фермин Лопез да вклучи дури пет фудбалери од младинската школа.

