Фудбалерот на Реал Мадрид, Чуамени, вчера заработил потешка повреда на дербито со Барселона и ќе мора да оди на подолг период на рехабилитација.
Французинот по мечот се пожалил на болка во ногата по што било утврдено дека има фрактура на коската на левото стапало.
Според весникот – „Марка“, црномурестиот играч ќе биде надвор од стројот околу месец и половина.

