Фудбалерот на германскиот состав Лајпциг, Дани Олмо, заработи потешка повреда на рамото на вчерашниот меч со Келн во Бундес лигата и ќе мора да отсуствува од терените одреден период.
Тоа на средбата со новинарите го потврди тренерот на Лајпциг, Марко Росе, кој верува дека играчот од средниот ред повторно ќе отсуствува подолго време.
„Ситуацијата не изгледа добро, тој беше одведен во болница. Нешто не е во ред со неговото рамо“ – изјави Росе.

