Норвешкиот напаѓач и член на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ја доби наградата – „Герд Милер“ за најдобар голгетер што традиционално ја доделува – „Франс фудбал“.
Тој со 56 голови во сите конкуренции, беше еден од најзаслужните за освојување на трите пехари во изминатата сезона. – Благодарам за Манчестер Сити, за моето семејство, за сите што придонесоа да бидам тоа што сум денес“ , рече Халанд.
Барселона е најдобар женски тим додека признанието за најдобар машки состав го доби освојувачот на Лигата на шампионите – Манчестер Сити. Винисиус Жуниор ја доби наградата „Сократ“ за борбата против расизмот и за едукација во Бразил.

