Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси призна дека повеќе нема да ја добива Златната топка.
„Долго време не размислував за Златната топка. Освојувањето на Златната топка никогаш не ми било приоритет – особено сега, по се што постигнав во кариерата и споредено со сите други моменти што ги доживеав. Мислам дека ова е мојата последна Златна топка. Драго ми е што успеав да постигнам се што постигнав и сум единствениот фудбалер кој освоил осум награди“, изјави Меси за „L’Équipe“.
Да потсетиме, на 30 октомври свеченото доделување на наградите за минатата сезона го одржа францускиот весник Франс Фудбал. Напаѓачот на американскиот Интер Мајами, Лионел Меси, врз основа на резултатите од гласањето, ја доби наградата Златна топка. Оваа награда беше осма за Меси во кариерата. Никој во историјата на фудбалот не ја освојувал Златната топка почесто од аргентинскиот напаѓач.

