Јувентус зазема нов курс во економската политика на клубот, фокусиран на одржливост и буџетска дисциплина, пренесува „Газета Дело Спорт“.
Тоа ќе влијае не само на фудбалерите, туку и на највисоките позиции во клубот. Според презентираните извештаи, донесена е одлука за намалување на платите на претседателот на Јувентус Џанлука Фереро и на генералниот директор Маурицио Сканавино. А исто така и за намалувањето на бонусите на извршниот директор, кои процентуално влијаат повеќе од фиксниот дел.
Во моментов платата на раководството е: претседател – 800.000 евра, генерален директор – 400.000 евра.
Во декември 2022 година, Џанлука Фереро стана нов претседател на Јувентус, откако претходниот шеф на клубот поднесе оставка. Во управниот одбор на клубот се и Фиорана Виторија Негри, Маурицио Сканавино (генерален менаџер), Диего Пистон и Лаура Капиело.
По десет кола Јувентус е на второто место на табелата во Серија А со 23 бодови. Интер е лидер со 25 бода.

