Фудбалскиот состав на Реал Мадрид го продолжи договорот со бразилскиот напаѓач Родриго кој треба да остане на „Сантијаго Бернабе“ до 30 јуни во 2028 година.
Тој се активираше кај „кралевите“ во 2019 година и во пет сезони одигра 179 натпревари и постигна 39 голови.
Родриго освои еден пехар во ЛШ, Светското клупско, европскиот Супер куп и шпанскиот куп. Тој има и два тројеа од Ла Лига и шпанскиот Супер куп.

