Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше доста самокритичен по ремито 1-1 со Лутон синоќа.
„Сакам да му честитам на Лутон за начинот на кој се бранеа и за начинот на кој го одиграа целиот натпревар. Создадовме многу шанси. Нивниот голман направи неколку добри одбрани. Во првото полувреме, Рајан Гравенберх и Диого Жота ги имаа најдобрите шанси. Не бевме доволно прецизни, не бевме доволно убедливи за да го донесеме мечот во друга насока. Вистината е дека не заслуживме повеќе од бод. Да, можевме да го добиеме натпреварот и требаше да го добиеме, но со сите шанси што ги пропуштивме тоа беше резултатот што го заслуживме и резултатот што го заслужи и Лутон“, прокоментира Клоп.

