По вчерашниот натпревар кој Шахтјор го одигра против Барселона и го доби со 1:0, екипата од Украина успеа да ја прекине серијата од 17 натпревари на кои секогаш примаше гол.
Долго траеше оваа серија на играчите на Шахтјор затоа што на секој натпревар одигран во Европските купови примаа најмалку по еден гол, а со тоа не ја зачувуваа својата мреже недопрена.
Последен пат пред оваа средба украинскиот клуб не прими во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Интер (0:0), кој се одигра на 28 септември 2021 година.
Да потсетиме, Барселона води на табелата од групата Х со девет бода од четири натпревари. Шахтјор има освоено шест бода и е на третото место, но секако има уште шанси за пласман во елиминациската фаза.

