Македонија Ѓорче Петров, Воска и Тиквеш влегоа во последниот филтер пред финалето во Националниот Куп.
„Лавовите“ го совладаа Силекс со 1-0, Воска со истиот резултат победи против Брегалница Штип додека фудбалерите на Тиквеш по подобро изведување на пенали ја совладаа Брера, натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1.
Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи е одложен бидејќи дождот го потопи теренот на стадионот – „Борис Трајковски“ во Маџари. Мечот ќе се одигра утре на теренот на ФФМ со почеток од 13 часот.

