Ѕвездата на Тотенхем, Џејмс Медисон се повлече од репрезентацијата на Англија за квалификациските дуели против Малта и Македонија. Како што објавија од неговиот клуб, Медисон има повреда на скочниот зглоб.
Од Тотенхем најавија дека фудбалерот ќе остане во клубот за да се рехабилитира од ударот добиен за време на нивниот пораз со 4-1 од Челзи во понеделникот вечерта.
„Можеме да потврдиме дека Џејмс Медисон е повлечен од репрезентацијата на Англија поради повреда на зглобот“, објавија Спарс.

