Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Столе Димитриевски има понуди од Севиља и Виљареал
    Фудбал

    Столе Димитриевски има понуди од Севиља и Виљареал

    risteBy riste12/11/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фабрицио Романо кој важи за експерт за фудбалски трансфери, денес излезе со сензационална најава на социјалните мрежи. Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, на маса има понуди од две екипи од Ла Лига и веќе во јануари ќе ги започне преговорите за трансфер.

    Се работи за најтрофејната екипа во Лигата на Европа, Севиља, како и поранешниот освојувач на истото ова натпреварување, Виљареал.

    Договорот кој Столе Димитриевски го има со сегашниот клуб Рајо Ваљекано истекува следното лето и трансферот би го направил како слободен агент, а веќе во јануари ќе започнат преговорите за личните услови.

    https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1723611595350421616

    Нашиот репрезентативен голман веќе петта сезона е незаменлив на голот на клубот од предградието на Мадрид, а импресивни се и неговите настапи оваа сезона, што секако го привлече вниманието на големите шпански клубови.

    Столе Димитриевски кој потекнува од Куманово, своите први сениорски настапи ги имаше за екипата на Работнички, каде мина две сезони. Следуваше трансфер во Удинезе, каде не доби шанса и беше позајмуван во Гранада и Кадиз, па преку Гимнастик во 2019-тата пристигна во Рајо Ваљекано.

    Димитриевски има 64 настапи за репрезентацијата на Македонија и е рекордер помеѓу голманите, а според бројот на настапи е меѓу 10-те на вкупната листа на фудбалери со најмногу репрезентативни настапи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.