Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Легендите на малиот фудбал од Грамоси повторно заедно
    Фудбал

    Легендите на малиот фудбал од Грамоси повторно заедно

    risteBy riste12/11/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На средината на осумдесетите години од минатиот век, малиот фудбал во Макеоднија беше спорт кој го следеа со големо внимание многу љубители на спортот, а знаеше спортските сали да бидат исполнети до последно место на фудбалските натпревари кои се играа.

    Една од екипите кои го одбележа развојот на малиот фудабал, а подцна и футсал во Макеоднија беше екипата на Грамоси. Екипа која беше вормирана во 1985 година од страна на група ентузијасти и вљубеници во малиот фудбал, предводена од Драги Трајковски кој е најзаслужен за формирањето и развојот на овој клуб.

    Оваа екипа во тие години беше страв и трепет на фудбалските терени за мал фудбал во Македонија и пошироко, освојувајќи први места на бројни турнири кои се играа низ тогашната република и поранешна Југославија. Со осамостојувањето на Македонија, Грамоси беа екипата која го промовираше футсалот во нашата земја, а ја преставуваше Македонија на меѓународни турнири низ Европа.

    Двапати беа државни прваци во футсал и освојувачи на многу реномирани турнири ни Македонија. Беа двапати полуфиналисти во државното првенство тогашната СФРЈ и неколку играчи од Грамоси беа прогласени најдобри во првенството (Арсе Андовски- најдобар стрелец и најдобар играч) и тројца играчи беа репрезентативци на Југославиа (Љупчо Цветковски – Ждаре, Фаик Асанов – Фајчо и Есад Личина – Еко).

    По толку поминати години, легендите на Грамоси се  собраа не аедно место, но овој пат тоа не беше теренот туку на една убава дружба каде се потсетија на убавите денови кога беа неприкосновени на терените за мал фудбал.ж

    Притоа од страна на клубот беа доделени пофалници и благодарници на оние кои дадоа голем допринос за резултатите и успесите на Грамоси.

    Најдобар играч во историјата на клубот беше прогласен Аднан Сефовиќ – Нанче, за најдобар голман Есад Личина – Еко, а како играч во сите генерации на Грамоси, посебна благодарница доби Геровски Злате – Рак.

    Посхумно благодарници беа доделени и за Нијат Зекир и Трајковски Драги кој даде голем допринос во основањето и развојот на Грамоси.

    На оваа средба ги видовме на едно место Сефовиќ Аднан – Нанче, Мицевски Панче – Панта, Рафевски Љупо – Рафе, Асанов Фаик – Фајче, Милевски Делчо, Геровски Златко – Рак, Гигиќ Драган – Гига, Личина Еско – Еко, Спасовски Злате, Божиновски Перо, Анчевски Велче и Цветковски Љупчо – Ждаре.

    Овие имиња засекогаш остануваат во историјата на овој клуб како легенди кои го развивале истиот и  ги постигнале најголемите успеси за Грамоси. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.