Договорот меѓу шпанскиот тренер Чаби Алонсо и Баер предвидува специјална отштета за Реал Мадрид, објавија медиумите во Германија.
Според истите, договорот на тренерот ја одредува точната сума, по чија исплата тој може да стане тренер на Реал Мадрид. Оваа сума се движи од 15 до 18 милиони евра и важи само за мадридскиот клуб.
Се истакнува дека Алонсо немаше да го продолжи договорот со тимот од Леверкузен до 2026 година доколку раководството на германскиот клуб не се согласеше на вклучување на таква клаузула.
Претходно во медиумите се појави информација дека Алонсо е главен кандидат да го замени актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Да потсетиме, Баер Леверкузен под водство на шпанскиот стручњак нема пораз оваа сезона (17 победи и едно реми) и е лидер во Бундеслигата.

