Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) попладнево од 13 часот на комплексот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека Грузија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2025 година ќе се игра во Словачка.
Македонија во овие квалификации стартуваше со победа на гости кај Шведска, но потоа следуваа два порази. Прво очекувано загубивме од фаворитот Холандија, но потоа неочекувано капитулиравме и на гости од младинците на Молдавија.
Избраниците на селекторот Канатларовски на денешниот меч против Грузија ќе мора да се потрудат да дојдат до трите бода, ако сакаат да останат во трка за горниот дел од табелата.

