Њукасл може да остане без Калум Вилсон најмалку шест недели поради повреда на тетивата, објавија извори од клубот. 31-годишниот фудбалер се повлече од составот на Англија за претстојните квалификациски натпревари против Малта и Македонија, откако го пропушти и поразот од 2-0 од Бурнмаут во саботата.
Вилсон беше во добра форма и ја пополни празнината што ја остави Александар Исак, кој се справува со повреда на препоните.

