Мари Луиз стана првата жена помошник тренер во историјата на машката Бундес -лига како и во речиси целиот европски фудбал.
Родена е во 1992 година во Дрезден а настапуваше за екипите на Потсдам, Хамбург, Клопенбург и Вердер Бремен. Таа ќе му помага на Марк Гроте во Унион Берлин откако тренерот, Урс Фишер, заработи отказ поради лошите резултати.
Унион по 11 одиграни кола го зазема последното место во германскиот елитен шампионат.

