Антони Шериќ ги коментираше последните преговори меѓу тренерот Игор Тудор и Наполи со објаснување зошто не е постигнат договор меѓу двете страни.
„Клубот има многу јасна позиција. Тие сакаат тренер за одреден стил на игра а Игор сака проект на кој ќе биде долгорочно посветен. Никогаш не би прифатил договор за седум месеци“ – вели Шериќ кој му е агент на Хрватот.
„ Игор има принципи а парите се на второто место. Тие едноставно имаат различни идеи со Наполи“ изјави Шериќ.

