Искусниот фудбалер од средниот ред, Илкај Гундоган, проговори за иднината на младиот играч на Реал Мадрид, Арда Ѓунер, кој поради континуирани повреди не може да дебитира во шпанскиот великан.
„Ѓулер е многу талентиран фудбалер. Tој имаше физички проблеми и поради повреди не можеше да ја започне сезоната“ –вели Гундоган.
„Ако има турски фудбалер кој е сличен на Месут Озил, тогаш се вика Арда Ѓулер. Пред него е светла иднина“ – потенцираше Гундоган кој потекнува од Турција а има германско државјанство.

