Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт на вечерашната прес-конференција пред мечот со Македонија зборуваше за она што може да ги очекува Англичаните на дуелот во Скопје.
„Очекувам реакција од фудбалерите. На натпреварот против Малта не бевме на потребното ниво во најголем дел од натпреварот. Сега би сакал да се вратат на нивото од претходно и така да го одиграме утрешниот меч. Трипие не е со нас, но имаме неколку решенија за левата бековска позиција, ќе размислам и мислам дека нема да имаме проблеми. Можеби таа одлука ќе делува малку и на нашата поставеност, но треба да бидеме добри. Ние веќе се подготвуваме за Европското првенство и сакам да имаме силна конкуренција на секоја позиција. Да, Рашфорд е добро, но исто така имаме и уште неколку фудбалери кои можат да влезат во тимот на таа позиција“, изјави селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Киран Трипие поради лични причини остана во Англија и не допатува со селекцијата, исто како и Џерод Боувен, кој се повреди на натпреварот против Малта.

