Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Три сребра во Бундеслигата – Илина Соколовска со македонски пасош ја освои Германија
    Домашен микс

    Три сребра во Бундеслигата – Илина Соколовска со македонски пасош ја освои Германија

    risteBy riste20/11/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Убави вести пристигнуваат од Германија! Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата!

    Овие три медали ќе ја красат витрината и на Илина и на нејзиниот клуб со останатите злата, сребра и бронзи што таа ги освои колку што се занимава со ритмичка гимнастика дома и во странство.

    Последните три натпревари од Бундес се одржаа во Дизелдорф, Берлин, а финалето во Бремен.

    „Се натпреварував екипно, како дел одмојот тим Гутерсло-Билефелд, каде што сум еден од лидерите на тимот,  тоа го кажаа и тренерите,а пред извесно време беше објавено во германските весници. Тоа значи дека од мене очекуваат да го превземам товарот на тимот, а тоа и се случи на првите два натпревари во Дизелдорф и Берлин. Речиси сама освоив една третина од бодовите, што ни овозможи да стигнеме до финалето во Бундеслига.Ова ми е втор пат поред да се натпреварувам во финале што е голем успех за мене“, вели Илина.

    Овој голем успех на Илина, која со македонски пасош ги брани боите на Германија не е лесен, бидејќи листата на Германија со гимнастичарки од година во година е посилен, особено по војната во Украина.

    „Еднаш кажав дека лигата во Германија е се посилна од година во година поради кризата во Украина. Многу гимнастичари поради состојбата во нивната земја настапуваат во германските гимнастички клубови, а има репрезентативци од Италија, Романија и секако од Германија. Тука ќе ја споменам петкратната репрезентативка, шампионка во гимнастика, Дарија која доаѓа од Русија, но и уште неколку гимнастичарки од Бугарија, кои се и светски шампиони во групна ритмичка гимнастика. Затоа, пак, ќе кажам дека моментално Бундеслигата е една од најдобрите и елитни гимнастичари во светот“, додава таа.

    Но, тоа не и пречи на талентираната Илина и понатаму да реди успеси за Германија, иако пред неколку месеци за прв пат ја претстави и Македонија на европски натпревари. Во иднина, пак, ќе ја претставува Македонија во Естонија во градот Тарту, каде што се одржува еден од најпознатите традиционални натпревари во ритмичка гимнастика.

    „Горда сум што и на меѓународно ниво јапретставувам мојата Македонија и ќе ја претставувам и свесна сум дека ќе морам да се натпреварувам со овие елити кои се неколку чекори пред нас.Ние во Македонија сме нова Федерација, има само две гимнастичарки, но желба да ја претставуваме нашата земја е голема. Сепак, наидуваме на огромни проблеми во Федерацијата во Македонија, а последните шест месеци се подготвуваме за Европското првенство и меѓународните натпревари во зима низ Европа“, вели Илина и додава:

    „Сакам со спортско срце да порачам да не се дозволи проблемите да продолжат, бидејќи сакаме да се натпреваруваме под боите на нашето знаме. Јас лично се радувам кога настапувам, за татковината и секогаш ќе ја претставувам Македонија и ќе кажувам дека сум Македонка. И на натпреварите во Германија јас со гордост кажувам дека сум Македоника, затоа што ја сакам Македонија. Иако сум родена и живеам во Германија во моето срце секогаш е Македонија“, вели Илина.

    А проблемите во Федерацијата во Македонија настанаа затоа што битолскиот градоначалник сака да им ја земе салата, која се користи 80 години само за гимнастика. Доколу го стори тоа Македонија нема да има Федерација, а без гимнастичка федерација спортистите неможе да се натпреваруваат на меѓународни натпревари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.