Македонската фудбалска репрезентација со нерешен резултат против Англија ги заврши квалификациите за Европското првенство во 2024.
На Националата арена „Тодор Проески“ одигравме машки, борбено и бескомпромисно против „Гордиот Албион“ кој и немаше посебен мотив бидејќи од претходно си го обезбеди првото место во група. Македонија поведе во 41 минута откако во шеснаесетникот Луис го удри Миовски во лицето по што главниот судија Глова по проверка на ВАР досуди пенал. Енис Барди шутна, Пикфорд одбрани но, нашиот играч натрча на одбиената топка и ја смести во долниот десен агол.
Изедначувањето дојде во 59 минута кога по корнерот Хари Кејн и Атанасов стартуваа на топката а нашиот играч несреќно ја испрати во мрежата на Димитриевски. Во вториот меч во нашата група Италија успеа да одигра 0:0 со Украина и да се промовира како патник за континеталниот собир.

