Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос има повреда на тетивата, потврди тој по натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина.
Ова е причината поради која дефанзивецот беше заменет на паузата. По средбата самиот фудбалер призна дека е под сериозен знак прашалник за претстојниот натпревар против Монако во петок навечер.
„Ќе биде тешко (да се игра против Монако во петок). Се надевам дека ќе се вратам што е можно побрзо“, изјави самиот тој по средбата за „Л‘Екип“.
Надежите на тренерскиот тим на ПСЖ е дека повредата на играчот нема да биде сериозна и тој ќе биде во ред за дуелот со Њукасл во вторник навечер. Се очекува Данило Переира ќе го заземе местото на Маркињос додека тој е отсутен од екипата.

