Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике го оцени потенцијалот на моменталниот состав на францускиот тим.
„Според мене, го имаме најдобриот состав во првенството. Единственото нешто е, секогаш кога некој играч ќе се повреди, тажно е затоа што нема да може да игра. Но, нашиот тим е многу голем и има многу високо ниво“, изјави Енрике за прес-службата на ПСЖ.
По 12 кола од Лига 1, тимот на Луис Енрике успреа да освои 27 бода и моментално се наоѓа на првото место на табелата. Вечерва екиоата на ПСЖ ќе игра против Монако на својот стадион „Парк на принцовите“.

