Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид во трка по уште еден бразилски талент
    Фудбал

    Реал Мадрид во трка по уште еден бразилски талент

    risteBy riste24/11/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид често гледаше на бразилскиот пазар во изминатите неколку години за да потпише со надежни млади таленти. Винисиус Жуниор и Родриго пристигнаа во 2018 и 2019 година соодветно и оттогаш станаа клучни играчи во првиот тим. Истото го очекува и Ендрик Фелипе, кој следното лето ќе му се приклучи на клубот од Палмеирас. На Бернабеу, сепак, продолжуваат внимателно да го следат бразилскиот пазар и се насочија кон уште еден талент од оваа земја.

    Станува збор за Маркос Леонардо од Сантош. 20-годишниот фудбалер се повеќе се поврзува со интерес од Реал Мадрид и се очекува да го напушти својот сегашен клуб во зимскиот преоден рок. Се верува дека неговата цена е околу 15-20 милиони евра, а шпанскиот гигант веќе преговарал со агентот на играчот.

    Рома и Њукасл исто така се во трка за потписот на Леонардо. Сепак, доколку Реал Мадрид го направи својот потег во јануари, очекувањата се дека ќе имаат значителна предност поради поголемите финансиски можности и повисокиот статус.

    Леонардо е напаѓач, а Реал Мадрид нема доволно напаѓачи оваа сезона, особено сега кога Винисиус е надвор од терените до 2024 година поради повреда на бутот. Можно е во зима да решат да потпишат со младиот Бразилец.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.