Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави, по вчерашното реми кај Рајо Валјекано, вели дека треба да се поработи на менталитетот на играчите.
„Во првото полувреме игравме добро, но, тоа не носеше некаков ефект. Второто полувреме не беше доволно добро, требаше да постигнеме повеќе голови“ – вели Чави.
„Мора да го промениме менталитет ако сакаме да освојуваме трофеи. Мора да бидеме самокритични и да се подобруваме“ – потенцираше тренерот на Каталонците.

