Тренерот на Борусија (Дортмунд) Един Терзиќ зборуваше за претстојниот натпревар со Милан во 5.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Ние сме во добра позиција, водиме во групата по четири натпревари. Сите четири екипи се уште можат да се квалификуваат, но ние сме на самиот врв. Можеме да имаме 10 бода ако победиме, што нема да биде лесно, но дефинитивно е можно. Ќе направиме се што можеме за да се вратиме дома како победници и да го резервираме нашето место во следната рунда. Ова е нашата цел. Што се однесува до првиот натпревар, беше многу изедначен. Имаше фази каде бевме блиску до водство, но и Милан можеше да биде победник. Двете екипи се бранеа добро. Имаше малку грешки. Вечерва е нов предизвик и за нас и за нив. Ги почитуваме нашите ривали, но исто така сме уверени во нашите способности“, изјави Терзиќ на официјалната веб-страница на Борусија.
Дортмунд по четири кола е на првото место во групата Ф со седум бода, ПСЖ (6 бода), Милан (5 бода) и Њукасл (4 бода).

