За разлика од менаџерот на Њукасл, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике смета дека резултатот на мечот е реален, иако смета дека неговиот тим синоќа требаше да слави.
„Мислам дека заслуживме да победиме. Одигравме совршен натпревар, одигравме подобро од Њукасл и резултатот не го одразува она што се случуваше на теренот. Но, ова е фудбал. Ние сме еден од најуспешните тимови во Европа, но денес не успеавме да победиме. Тешко е кога топката не сака да влезе во голот. Долго време бркавме резултат и многу ми е драго што тимот не се разочара и можеше да одржи високо ниво на игра до крајот“, изијави Енрике.