Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, стана четвртиот играч кој постигнал 10 или повеќе голови во Лигата на шампионите пред да наполни 21 година.
20-годишниот Џуд Белингем го постигна вториот гол против Наполи (4:2) во натпреварот од 5.коло од групата Ц во Лигата на шампионите. За Англичанецот овој гол беше 10-ти во Лигата на шампионите. Само тројца играчи постигнале исто толку голови или повеќе пред да наполнат 21 година. Станува збор за напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и сегашниот играчт на Ал-Итихад, Карим Бензема, секако кога настапуваше за Реал Мадрид и Лион.
Белингем минатото лето се пресели во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Претходно, Англичанецот постави уште едно достигнување, станувајќи првиот играч на Реал Мадрид кој постигнал гол во првите четири натпревари за клубот во Лигата на шампионите.