Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на митингот што се одржа во Валенсија.
Нашиот маратонец на крајот го обезбеди 50. место откакопатеката од 42,2 километра ја помина 2 часа, 11 минути и 53 секунди.
Тоа е за повеќе од шест минути подобро од претходниот рекорд кој беше во негова сопственост поставен на 15 мај во 2022 година.