Само два тима избегнаа пораз од Манчестер Сити на „Етихад“ во сите натпреварувања во текот на 2023 година. Тоа се Тотенхем и Ливерпул.
Вчера, Тотенхем одигра нерешено со Манчестер Сити (3:3) во натпреварот од 14. коло на англиската Премиер лига. Ливерпул на 25 ноември освои бод на гостувањето кај Манчестер Сити. Таа средба заврши со резултат 1:1. Сите други тимови против тимот на Пеп Гвардиола загубија на теренот на Манчестер Сити во 2023 година.
Манчестер Сити по 14 кола во англиската Премиер лига се наоѓа на третото место на табелата со три бода помалку од лидерот Арсенал. Второто место го зазема Ливерпул, кој вчера го победи Фулам (4:3), со пресврт во финишот од натпреварот.

