Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, кој игра како позајмен во Барселона, ја коментираше победата на Каталонците над Атлетико Мадрид (1:0) во 15. коло од Ла Лига, а воедно го објасни и славењето на голот против неговиот поранешен тим.
„Дали сум среќен? Многу важна победа. Знаевме колку ќе биде тежок натпреварот, но најважно беше да освоиме три бода и сега треба да размислуваме за Џирона. Дали беше планирана прославата на голот? Реакцијата на голот беше спонтана. Го чувствувате интензитетот на играта и прославата беше малку олеснување по она што го поминав во текот на летото. Само блиските луѓе знаат како јас и моето семејство го доживеавме ова“, изјави Португалецот за весникот „АС“.
Барселона на домашен терен го победи Атлетико Мадрид во натпреварот од 15. коло на шпанското првенство кој заврши со резултат 1:0, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше крилото на Барселона Жоао Феликс , кој беше најдобар играч на натпреварот.