Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој сега игра за бразилски Сао Паоло, објасни зошто пред речиси една деценија одлучил да се пресели во шпанскиот клуб.
„Пари Сен Жермен и Манчестер Сити ме сакаа но, јас сакав слава. Ништо не може да се спореди со Реал Мадрид. Тоа му го реков и на Перез“ – објасни Колумбиецот.
Тој го облече дресот на „кралевите“ во 2014 година и одигра 125 натпревари, постигнувајќи 37 гола и 42 асистенции. Родригез има играно за Евертон, Баерн (Минхен), Монако, Порто, Банфилд, Ал Рајан и Олимпијакос.