Фудбалерите на Арсенал доцна синоќа славеа кај Лутон со 4:3 во меч од Премиер лигата а нивниот тренер, Микел Артета, вели дека е посебно задоволен од ангажираноста во финишот.
„Честитки за Лутон за начинот на кој играа но, успеавме да победиме. Упорноста, карактерот и квалитетот што ги покажавме ни донесе успех“ – вели Артета.
„Таа енергија, тој ризик и емоции што ги ставивме на теренот, можете да ги почувствувате. Не ми пречи што победата дојде во финишот“ – вели тренерот од Шпанија.